30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Традиционално во кругот на ООУ Кире Гаврилоски – Јане се одржа велигденскиот панаѓур (ФОТО)

Чествувајќи го големиот христијански празник , во основното училиште Кире Гаврилоски – Јане се одржа традиционалниот велигденски панаѓур во кругот на училиштето.,Во пресрет на големиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение , основците заедно со нивните ментори креираа несекојдневни велигденски украси кои искрено предизвикаа голем интерес и по половина час од стартот на панаѓурот повеќето од нив веднаш беа распродадени , што пак предизвика задоволство и насмевка на лицата на оние кои ги сработија истите а тоа се учениците.

Оваа празничнa активност на прилепското основно училиште е традиционална , секоја година низ рацете на учениците поминуаат различни велигденски креации и изработки кои вредно се подготвуваат а потоа им се нудат на заинтересираните купувачи.Истата традиција учениците од Кире Гаврилоски – Јане си ја негуваат и одржуваат а заради тоа неизбежна беше и посетата на првиот човек на Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗

Пела Редакција

„Од 0 до културА“ вечерно дружење во диско ритам со Aleks & Friends

Апел на ЈКП Водовод и канализација до граѓаните да не ги крадат капаците од шахтите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе