11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Мали тркала за големи промени“- на тротинети по повод Европската недела на мобилност 

Како дел од Европската недела на мобилност  и  Светскиот ден без автомобили, најмалите, над 200 деца,  од грдинките, од училишта , на возраст до 7 години , денеска возеа тротинити низ плоштадот „Александрија„  за да ги инспирира возрасните да замислат град беа автомобили.

„Тротинетот троши малку енергија, не ја загадува околината, не му е потребен голем простор за движење и за паркирање, паркирањето е бесплатно, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, придонесува за унапредување на здравјето “,велат оние кои го користат тротинетот како превозно средство

Целта е ефикасно подигнување на свеста кај возрасните, да послужат како пример , да помалку ги користат автомобилите , за здрава животна средина без издувни гасови  и користење на алтернативни превозни средства кои не би ја загодувале околината.

Настанот, во организација на Општина Прилеп, под мотото „Мали тркала за големи промени“ е во соработка со детската градинка “Наша идинина“ , ученици од пониските класови од осоновните учиишта и наставници , надополнет со забавна-музичка програма во изведба на музичките таленти од  студиото „Matrix“- Прилеп и танцовата екипа од студиото за модерни танци „Dance studio New Generation” .

Би можело да ве интересира

Прилеп не се предава, 65 новозаразени

Гордана Цветаноска

Француско-германска комеморација во Битола и во Прилеп

Гордана Цветаноска

Се празнува Св. Наум Охридски

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе