7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Секое дете има право да се храни здраво

По повод Светската недела на детето, под слоганот “ Имам право да се хранам здраво“ денеска во посета на третооделенците кај наставниците Кети Стевананџија и Тони Ташкоски, беше Филип Димкоски, агроном, поет и градинар . И, се почна како убава приказна за зеленчукот и ововшјето! 
На двочасовната дружба исткаена со стихови од сихозбирката за деца на Филип „Песни кратки за плодови слатки“ ,  се зборуваше со интересни факти  за важноста, нa зеленчукот и  овошјето, сето надополнето со видео материјали и музичка изведба на учениците.
По дегустирањето на овошна и зеленчукова салата која беше подготвена на часот,  со продукти од Градината на Филип, учениците правеа изработки од пластелин, цртежи и лични поетски творби за ововшјето и зеленчукот.
А, се’ беше така вкусно од „Градината на Филип„ и инспиративно за стихови и пораки , па детските раце посигнуваа по секоје едно парче, пиперка, домат,  јаболко, круша, лимон, тиквичка …,по секое едно парче здравје, што овошјето и зелнчукот го нуди. Задоволството од ваквиот инспиративен час беше заеднички, па сите уживаа во интерактивната настава за здрава храна.
Научивме дека секое дете има право на здрава храна, а најздрава е храната што ќе ја произведеме сами или ќе ја набавиме од локалните производители.„ – истакнаа учениците од трето одделение од  ООУ ,,Кире Гаврилоски – Јане” -Прилеп. 

Би можело да ве интересира

Еден куп први места за четири прилепски млади пијаниски ученички во основното музичко училиште во Прилеп

Пела Редакција

ООУ Климент Охридски: Забрана за носење мобилни телефони во училиште

Пела Редакција

Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе