Во преполнетата сала во Крушево, претставата „Маѓепсан круг„ во изведба на „Слободно театарче„ од дрмската секција при СОУ “Ѓорче Петров„ – Прилеп, со воодушевуање ја погледнаа и крушевчани, кои дадоа максимална поддршка, против злото наречено „трговијата со деца за принудени бракови.“
Претставата сочинета од четири различни приказни кои говорат за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова грозоморно злосторство куршевската публика ја прими со овации и со аплаузи, наградувајќи ја секоја сцена од четирите приказни.
„Маѓепсаниот круг“ како театарска претстава и радио драма е дел од иницијативата “Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ која ја спроведува медумот Радио Пела, во рамките на акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ на Европската Унија и Советот на Европа, која има за цел преку пристапен начин, поблизок до заедницата, да придонесе кон подигање на свеста кај локалната заедница за опасностите од трговија со деца за присилни бракови, но и да се приклучи кон напорите на Владата за борба против трговијата со луѓе и заштита на основните права на жртвите на трговија со деца.
Претставата продолжува да “патува“ и во другите општини: Кривогаштани, Долнени, Битола. А радио драмата, беше емитувана на едно национално радио, на една непрофитна радио станица и на пет локални радио станици во Македонија и “допре“ до аудио публиката.
Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката иницијатива на Европската Унијата и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.