7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

ООУ „Рампо Левката“ го одбележува месецот на книгата

Четвртооделенците од ООУ „Рампо Левката“ денес го одбележаа месецот на книгата преку средба со поетот и новинар Филип Димкоски која се случи во нивното училиште. Наставничката Бисера Вишиноска која е организатор на средбата, истакна дека ваквите настани им се потребни на децата затоа што на најдобар начин, преку интеракција им се доближува книгата, нејзината важност и значење.

Поетот Димкоски, на учениците на сите четвртооделенци од ова училиште и на нивните наставнички Елизабета Маркоска, Анета Мицеска и Анета Спасеска им го раскажа патот на книгата од ракопис, преку издавачка куќа и печатница, па до објавување и нејзино изложување во книжрниците и библиотеките. Им читаше песни од неговите книги „Заедно да растеме“, „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ и „Овошје и зеленчук“, а во некои од изведбите ги вклучи и учениците кои рецитираа и драматизираа.

Беа спомнати и датумите во годината кои се поврзани со книгата, а со помош на децата заеднички учеа и за литературата, но и за медиумската писменост прославувајќи го јубилејот-80 години од објавата напрвиот македонски дневен весник Нова Македонија, кој првпат е испечатен на денешен ден, како и шеесет и шесте години од објавувањето на додатокот за деца „Колибри“, создаден од поетесата Евгенија Шуплинова која потекнува од прилепско Тополчани.

 

 

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница, прва за 2024 та година

Пела Редакција

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

Од утре „паѓаат“ маските – Се укинува мерката за носење на маски во затворено

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе