-0.7 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Попоска: Дојдете на роденден со добра музика и многу гости (ФОТО+ВИДЕО)

Разговор со Катерина Попоска, диригент и раководител со женскиот камерен хор „Керамија“

Деновиве одбележувате една година од основањето на хорот „Керамија“, чиј основач сте. На кој начин ќе го одбележите едногодишното постоење?

Роденденот ќе го одбележиме со целовечерен концерт кој ќе се одржи на 11.11 во 19.00 часот во фоајето  на НУЦК „Марко Цепенков“ во  Прилеп. На концертот си поканивме и гости, бидејќи роденден без гости не се слави. Наши гости се поп-рок хорот „Битвокс“ од Битола и поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.  Концертот е во склоп со годишната програма на центарот за култура НУЦК „Марко Цепенков“ поддржан од Министерство за култура и туризам и од приватна печатница „Интер Поп“ од Прилеп.

Што се крие зад името на Вашиот хор и како дојде одлуката да се вика токму така?

На почетокот имаше многу предлози од хористките, меѓутоа јас имав само еден предлог „Керамија“. Името „Керамија“ е многу постаро од сите нас.  Сакав нешто необично, што ќе биде индиректно поврзано со Прилеп, Варош. „Керамија“ е име на античка населба што се простирала на задниот дел од ѕидините на Марковите кули.  Во принцип жителите на населбата биле одлични керамичари, градители (не се поврзани со музика, јас си го поврзав името со женскиот хор, а и логото е наушница, пак поврзано со жените).  Наушницата е малку помлада од Керамија, таа е од XIV век од населбата Варош. Па еве и ние како нив се обидуваме да изградиме нешто поразлично во Прилеп.

Се чини дека за кратко време оваа женска формација постигна многу. Претставете ни ги членките на хорот и кажете ни кои се резултатите кои досега ги постигнавте.

Многу девојки беа дел од хорот во оваа година и половина, меѓутоа моменталните членки  се Ане Чесноска, Оливера Цветаноска, Катерина Талеска, Билјана Црвенкоска, Катерина Димеска Ангелеска,Фросина Вандеска, Климентина Митревска. Сакам да им се заблагодарам за соработката и на членките кои не се сега во овој состав, што учествуваа во хорот и придонесоа да тече работатата, затоа што сето ова е взаемно и јас со нив и тие со мене.

Како хор учествувавме на неколку ревијални средби и на повеќе манифестации во минатиов период. Освоивме прво место во категоријата камерни состави на „Пијано фест“ во Битола, потоа прво место во категорија ансамбли на „Астибо фест“ во Штип, добитнички сме и на специјална награда на „Арт ин“ во Кавадарци, а нашиот перформанс беше избран за најдобар на интернационалниот фестивал за духовна музика „Техо“ во Тетово.

Како дипомиран музичар, можете ли да се навратите во минатото на Прилеп и да ни кажете од кога и колку Прилеп ја негувал хорската традиција…

Јас првпат станав член на  хор  на мои 11 години во основно училиште.  Наставникот Славчо Мирчески, само што ме слушна ми рече: „а ти џокер си ми ама алт ќе пееш“. Веднаш ме прими во хор. Учествувавме  на општински натпревари во гимназијата, а потоа на државни натпревари во Кавадарци.
Од еден натпревар наставникот на сите хористи ни даде плоча од XI Републички фестивал на пионерски и младински хорови – Кавадарци. Тоа веше во мај 2000 година.
Прилеп во минатото повеќе негувал хорска традиција. Наставниците работеле на проблематиката хор и орекестар. Прилеп ги имал Илија Јанчулески, Славчо Мирчески, Василе Најдоски,  тие имиња се синоним за хор и оркестар во градот. Тука би ги спомнала хорот на просветните работници КУД „Пере Тошев“, потоа црковниот хор „Благовештение“ , византиски хор „Пелагонитиса“ , хорот при Здружението на пензионерите од Прилеп, хорот „Преродба“. Тоа се хорови со долга традиција во нашиот град. Хорот „Керамија“  е  единствен женски камерен хор, што работи со специфичен и тежок музички материјал.

Вие по завршувањето на Факултетот за музичка уметност, се вративте во Прилеп, му останавте верна на родниот град и активни сте во мовеќе музички сфери…Пеете во музичка група, предавате во приватно и државно училиште, водите хор…Кажете ни нешто повеќе околу сите овие активности на музички план…

Во Прилеп се вратив да видам како ќе ми биде, останав, а искрено не сакав. Сега за сега сум тука, но не знам каде би ме одвел животот. Освен со женскиот хор , активна сум и на полето на педагодијата, работам како наставник по музичко образование во село, се обидувам на секаков можен начин да им  ја доближам музиката на учениците. Слушаме музика, пееме во хор, учиме инструменти…За жал часовите по музичко образование се малку, со надеж сум дека нешто ќе се промени. Основач сум на приватното  музичко училиште „Алто арт“ во Прилеп, тука работам како професор  по пијано, теорија и солфеж, пеење. Презадоволна сум со децата со кои работиме, вредни се и послушни. Во училипштето работат неколку професори. Во подготовки сме на предновогодишен концерт. Основач сум и на акустично трио „Acoustic trio“ со кое активно настапуваме. Тука уживаме на настапи и имаме веќе закажни гостувања  во Прилеп и во Битола.

 

Разговорот го водеше: Филип Димкоски

 

 

 

Би можело да ве интересира

За денар и половина поскапуваат бензините и дизелот

Гордана Цветаноска

(Видео) Репроценка на имотот на прилепчани за рамноправна наплата на данокот на имот

Пела Редакција

Проданоски: Апелирам за коректна, достоинствена и фер кампања за претседателските избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе