16.3 C
Прилеп
среда, 20 ноември, 2024
Пела Радио

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Утре, од 19.00 часот во ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена дванаесеттата изложба на уметницата Маја Ралева Миладиновски, насловена „Ветување“.

Изложбата е работена од 2016 со мали надополнувања во 2022 година, при што
се создадени 20 мал формат слики 10 х 10 см, и 15 слики на картон, сите се поделени
на пет препарирани платна каде композициски се распоредени како една голема слика.

Насловот на изложбата авторката го дава во чест на Јован Ристов, правник, учител, поддржувач на уметноста, археологијата и културното наследство и културата воопшто во Македонија.

„Ветување“ е приказна од пред деценија ипол, исполнета со многу раскажани случувања на мал сликарски формат, преточена во сликарска- инсталација која се состои од пет големи платна на кој се поставени мал формат на сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање. Преку
разлеаниот спектар на бои и енергија, балансирано и внимателно раскажувам преку својот автентичен ракопис приказна која е секогаш надополнета и никогаш досадна, со порака испратена пронајди си повод да прославиш, сподели љубов, сподели радост, тага, сподели ги своите емоции на платно за да имаш непосреден другар за плачење, радување, викање, во секој случај да има содржина – вели авторката Маја Р. Миладиновски.

Би можело да ве интересира

“Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во Прилеп

Елизабета Филипоска

ИН МEMOРИAM: Почина Тони Петрески, социјалдемократ и некогашен кандидат за градоначалник

Елизабета Филипоска

Комфи Ангел – предновогодишна распродажба за уште една хуманитарна акција

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе