14.9 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Црвено-црната фурија на гости во Големо Коњари, фудбалски празник за сите

ФК Големо Коњари в четврток 16.10.2025 од 15 часот на свој терен ќе игра пријателски-контролен натпревар со прволигашот ФК Вардар.
Новопечениот вторигаш Големо Коњари не ја испушта шансата да се соочи со еден од најтрофејните фудбалски клубови во земјава, но во исто време да го прикаже тревнатиот терен кој е исклучителен, а за тоа потврдија и младите Ерменци кои токму во Големо Коњари се подготвуваа за европските квалификации.
И покрај тоа што Големо Коњари има само еден триумф во Втората фудбалска лига, и не им оди добро, сепак Вардар е вистинскиот погодок за темпирање на формата на фудбалерите за во наредниот период. Од друга страна со сигурност овој меч ќе биде и вистински празник за љубителите на фудбалот во регионот.

Би можело да ве интересира

Градскиот пазар в сабота е отворен (од 7 до 14 часот)- градските гробишта се затворени

“Тесно ама заслужено” – Прилепчани го добија Куманово во дербито со 23:22 (ВИДЕО + ФОТО)

Обоено и весело се одбележува „Неделата на детото“ во прилепските градинки

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе