Македонскиот оперски и поп пејач Денис Димоски од Прилеп, деновиве на социјалните мрежи и на музичките канали ја претстави својата нова песна насловена „Засекогаш“. Автор на музиката и на текстот е самиот изведувач, а аранжманот го потпишува Васил Ангелов.
Песнатаја официјално со својата публика ја сподели токму на 23 ноември, денот кога неговите родители одбележуваат 33 години од заедничкиот живот.
Да потсетиме, Денис Димоски, во 2005 година ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија, потоа имаше успешни настапи на неколку македонски и регионални шоу програми, а во последно време се посвети на оперската музика и на педагошката деност во областа на музиката.