Културно истражувачкиот документациски центар „Калеш Анѓа“ за Мариово и Планинарското друштво „Јане Сандански“ Прилеп организираат чествување по повод 140 години од загинувањето на легендарниот војвода Ѓорѓија Лажот на 15 ти декември, недела, во село Вепрчани, прилепско. Планирани се повеќе настани: посета на црквата каде што е погребан војводата, комитски марш и општонароден собир.
ПРОГРАМА:
6 и 30 – Тргнување од Прилеп;
7 и 30 – Посета на селската црква, „Св. Спас“ и гробиштата во кои е погребан вовјодата, Ѓорѓија Лажот и неговите комити загинати во битката од 1884 година и мала беседа за војводата
08 ч – Комитски марш: с. Вепрчани – превој Никулица – пештера, „Пешта“, с. Гуѓаково – с. Вепрчани (За маршот е потребна добра физичка подготвеност, да се понесе соодветна опрема за планински и зимски услови, како и вода за пиење)
12 и 30 ч – Собир во манастир „Св. Димитрија“, с. Вепрчани
12 и 30 – 13 ч – Настап на народни уметници – пригодни ајдутски и комитски песни во чест на војводата и другите загинати во битката
13 и 30 – Комитски ручек
14 ч и 30 ч – Продолжување со општонародна веселба
15 и 30 ч – Враќање за Прилеп
Тргнување во 6 и 30 часот од Информации на моб.
Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп 076/615-509 – Тренчо, Цена за превоз: 350.оо ден. 076/853-085 – Мики
Пријавување најдоцна до 13.12.2024 г. (петок)