Новинарите од Радио Пела, Радио Кочани и порталот text.mk денес учествуваа на работилницата на тема „Креирање на позитивни и одржливи промотивни модели на културни и историски искуства преку нови медиуми“ која се одржа во хотел Амор во Кочани.
Работилницата ја конципираше и водеше културологот Звонко Димоски, а истата е во рамки на проектот „Зајакнување на гласовите: Колаборативен центар за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ поддржан од ГИЗ.
Тренингот опфати теми околу важноста на локалните медиуми во популаризацијата и реактуализацијата на историски и културолошки наративи, настани и ликови, успешни примери на популаризаторски стратегии во локален контекст, модели, техники и технологии за популаризација и оживување на локалниот контекст како и комуникациски маркетинг и популаризаторски техники.
Присутните новинари од трите медиуми имаа и интерактивни задачи и работа на случај, се потсетија и се запознаа со теоретските начела на креирањето хиперлокални медиуми и радиа на заедницата.
Овој настан е органзиран со поддршка на програмата #SustainMedia, кофинансиран од Европската унија и германската влада, имплементиран од ГИЗ, ДВ Академија и Интерњуз.
Филип Димкоски