16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Пожар во автосервис – гореа автомобили

На 21.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, во авто сервис каде биле паркирани повеќе возила, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј.(76) од с.Загорани, прилепско. Од пожарот биле зафатени и други патнички возила: „ауди”со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б.(38) од Прилеп, патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д.(32) од Прилеп, патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(24) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Малолетникот го признал делото од синоќешното убиството во центарот на Прилеп

Пела Редакција

Прилепчанец, машинист, почина во рудникот Суводол

Полицијата заплени 53 кгр марихуана во прилепско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе