11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Три дена Новогодишен базар во Прилеп

Општина Прилеп и оваа година организира Новогодишен базар на платото кај Градскиот Саат. Пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе ги чуваме, ќе им се понудат на Прилепчани во трите предновогодишни денови.

На 28, 29 и 30 декември, 2024г. од 10:00-15:00, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации.

Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители.

Базарот ќе биде проткаен со забавна програма презентирана од локалните уметници и интерпретатори.

 

 

Би можело да ве интересира

(Видео) Хуманитарен настан по повод 8-ми Март, Денот на жената

„Прилеп за Сара„,среда голем хуманитарен концерт

Елизабета Филипоска

Превенција од корона – спортските натпревари без публика!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе