14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Во 2024 прилепскиот центар за култура реализирал над 230 културни настани

Минатата 2024 година, беше плодна по однос на широката културно-уметничка дејност на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Во годината кога одбележа 45 години постоење, Центарот реализирал 37 изложби од кои 11 со поддршка на Министерството за култура и туризам, 80 концерти, 25 претстави во големата сала и 40 други настани, како и 20  филмски проекции во кино Мис Стон.
Театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно прикажа 3 претстави, а за публиката над 50 изведби на претстави од редовниот реперотар.
Деновиве во ликовната галерија можете да ја посетите изложбата на дела од врвниот акварелист Илија Миноски, а во ликовниот салон претставена е изложбата  „Бисерите на Малиот Битолски Монмартр“
Ф.Д.

Би можело да ве интересира

Кои се условите за добивање субвенции за клими и велосипеди?!

Елизабета Филипоска

Царовска во Прилеп:„ Со јануарската пензија, пензионерите ќе добијат покачување од 700 ден“

Елизабета Филипоска

СЕ БУНАТ И НОВИНАРИТЕ: Синдикатот бара за време на топлотниот бран да се престане со прес-конференции на отворено

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе