-3.3 C
Прилеп
недела, 12 јануари, 2025
Пела Радио

Забрана за тешки товарни возила на Плетвар

Проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег во последните 24 часа до 11:00 часот.

Од АМСМ известуваат за АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
• КриваПаланка граничен премин Деве Баир
• Гостивар-Маврово-Дебар
• Гостивар-Стража-Кичево
• Пресека
• Плетвар
• ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона
• Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
• Од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија
• Од 09:30 се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато
• Од 10:40ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

РЦУК – Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата од општините и Град Скопје или поточно од Кризниот штаб за координирање на активностите од Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје, состојбата со проодност на улиците и патиштата е следна:
1. Улиците и булеварите во надлежност на Град Скопје се проодни за одвивање на сообраќајот, но под отежнати зимски услови;
2. Во дел од општините сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, а надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци.

РЦУК – Велес, известува дека во општина Чашка во населените места с.Јасеново и с.Богомила има врнежи со снег и истите во мометот се чистат од страна на Комуналното претпријатие.Истите се проодни за сообраќај. Општините Велес и Градско има врнежи, но сите патни правци се проодни и исто така редовно од рани утрински часови се чистат.
На територијата на општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни и со машинерија(3 камиони) се чистат константно. И се посолуваат.
На територијата на општините Неготино и Демир Капија нема врнежи, сите патни правци се проодни и се чистат со машинерија од страна страна на Македонија пат-пункт Неготино.
Сите патни правци во општина Кавадарци се проодни за сообраќај во зимски услови и истите се редовно се чистат од страна на Комуналното претпријатие. До овој момент немаат информација дека е нешто затворено.

РЦУК – Битола, известува на територијата што ја покрива ПОРКОА РЦУК Битола нема не проодни места односно завеани со снег и други последици од врнежите од снег. Во моментов активни се зимските служби за одржување на патишта и во помалите населени места се работи на расчистување и на улиците. На места има има мали остстоци од кашест снег.

РЦУК – Струмица, известува сите патни правци на Струмичкиот регион(Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран) се проодни во зимски услови.

РЦУК – Штип, известува дека од субјектите задолжени за зимско одржување на патиштата на територијата на Регион Исток е добиено известување дека сите расположиви возила за чистење на патишта се излезени и се чистат патиштата според утврдениот приоритет (1 и делумно 2 степен на приоритет). Патните правци се проодни во зимски услови со снег по коловозот, а патните правци кон населените места во планиските делови се тешко проодни.
Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Контактирано е со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од оппштина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.

РЦУК – Охрид, известува дека состојбата на територијата што ја покрива ПОРКОА РЦУК-Охрид во моментот е редовна. Сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози во зимски услови.

РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од ЈП МП -секција Куманово известуваат дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП МП се опесочени и чистени и се продни (нема одрони). Се чистат Магистралните и регионалните патни правци со приоритет. Регионалниот пат Арбанашко нема да се чисти денес, немаат инаформација дали е прооден, во текот на утрешниот ден ќе интервенираат.
Од број за итни повици 112 во 09:03 часот добивме инаформација дека од Драгоманце кон Света Петка, Куманово, патот воопшто не е исчистен, пролизгува и има наноси од снег. Известени се лице за контат со Општина Старо Нагоричане и ЈПМП секција Куманово. Од ЈПМП секција Куманово дежурниот не извести дека патниот правец Драгоманце до граничен премин Пелинце е опесочен и чистен и нема наноси од снег на патот.
Општина Куманово од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Куманово сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се посолени и исчитени делумно. Се чистат со приоритет на патните правци низ градот и населбите, а во текот на утрешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата.
Општина Липково од лице одгворно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Липково сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се посолени и исчитени делумно. Се чистат со приоритет на патниот правец кон амбуланта на Липково.
ЈП МП секција Страцин дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП МП истите се опесочени и чистени и се продни (нема одрони). Се чистат Магистралните и регионалните патни правци со приоритет.

ЈП МП секција Крива Паланка дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП МП истите се опесочени и чистени и се продни (нема одрони). Се чистат Магистралните и регионалните патни правци со приоритет. Моментално со сите расположливи средства се чисти и опесочува Магистралниот патен правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир.
Во текот на утрешниот ден ќе се расчистуваат регионалните патни правци Крива паланка-Огут.
Регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман не е прооден само со теренски возила..
Локалните патишта во општина Ранковце се проодни во зимски услови.
Регионалните патишта во општините Кр.Паланка се делумно проодни.
Локалните патишта во општина Кр.Паланка се проодни по влажни коловози.
Локален земјен пат до с.Дренак е непрооден.
Локален земјен пат до с. Б,с е непрооден.
Регионален пат Кр.Паланка- с.Огут прооден со теренски возила.
Локален пат с.Огут-с.Нерав прооден со теренски возила

РЦУК – Тетово, известува дека денес на 12.01..2025 година во северозападниот регион по обилните врнежи од снег кои се уште траат во северозападниот регион до 11.00 часот, сообраќајот на магистралните и регионални патни правци се одвива отежнато со многу слаб интензитет во зимски услови со остатоци од снег по коловозите по интервенцијата на службите на Македонија пат и на службите за регионално одржување на патните правци. Висината на снежната покривка е од околу десет сантиметри во пониските места, додека на повисоките места е поголема. Од 08.05 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово- Попова Шапка, додека за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема. Исто така е воведена забрана за движење на тешки товарни возила од 00.43 часот на патните правци Гостивар-Стража-Кичево , како и Гостивар-крак Маврово- Дебар. Од службите за локално одржување во градските улици се излезени на терен и се чистат главните улици , додека споредните ќе се чистат по однапред утврден план со приоритет за пристап до болници и други места од јавен интерес. Во селата се врши чистење на главните улици од страна на ЕЛС кои се надлежни за зимско одржување.
Снабдувањето со електрична енергија во северозападниот регион е редовно и засега не се бележат пријави за прекини, исто така нема пријави за пробелеми за доставување на намирници за исхрана. Состојбата се следи и за секоја промена ќе бидете известени .

Од Управа за хидрометеролошки работи е добиена следната информација во 08:30 часот:

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа (во l/m2)
16 Дебар, 12 Маврови Анови, Охрид, 10 попова Шапка, Берово, 9 Крушево, Претор, 7 Крива Паланка, 6 Струмица, 4 Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 Штип, 1 Кавадарци, Тетово, Виница.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07:00 часот (во сm)
52 Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица, Демир Капија.

  • ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
    Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.
    Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Би можело да ве интересира

Прилеп повторно на врвот според новозаразени со корона вирус, утре ќе заседава Кризниот штаб

Гордана Цветаноска

Владата прогласи кризна состојба, армијата ангажирана за гаснење на пожарите неготинско

Пела Редакција

Седница на Совет: Пивофест ќе има, но организаторот е променет

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе