После синоќешните и утринските врнежи од снег, екипите се на терен и непрекинато работат на расчистување на улиците и патиштата во нашата општина. Со соодветна механизација коловозите се расчистени и посипани со сол и ризла за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. Од утрово на терен исто така се и екипи на ЈКП Комуналец – Прилеп. Апелираме до сите граѓани, куќни совети и сопственици на деловни објекти да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. Со заеднички напори ќе обезбедиме безбедно и олеснето движење, како и непречено извршување на секојдневните обврски за сите. Исто така, упатуваме апел до сите сопственици на возила да ги дислоцираат паркираните возила од коловозите, особено во централното градско подрачје и на потесните улици, за да овозможат непречен пристап на механизацијата и екипите кои интензивно работат на терен. Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да вложуваме максимални напори за непречено и безбедно функционирање во зимски услови! Вашата безбедност е наш приоритет!’, напиша градоначалникот на својата ФБ страна.
Од ЈКП Комуналец велат дека од од рано утрово и тие се на терен во расчитување на тротоарите и булеварите.
„
Отворени се главните пешачки патеки, и улици. На улиците се исфрла сол и ризла кои се заштита од минусни температури. Со расчистување на споредните пешачки патеки и улици ќе се продолжи и во текот на утрешниот ден. Се следи секоја состојба со временската прогноза. Во моментов проодни се главните улици кои се одржуваат, пешачките патеки и плоштадите. Законска обврска е граѓаните и фирмите секој да си го исчисти снегот пред својот имот.“ потсетуваат од ЈКП Комунаелц