Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата.велат од ЈКП Комуналец
Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност – да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот. Општина Прилеп изразува голема благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и Ве уверуваме дека продолжуваме со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација.,упатуваат апел од Општина Прилеп