Денес е голем ден за нашата гимназија. Денес славиме 80 години од постоењето, 80 години настава на македонски јазик. Чест и привилегија е да се биде гимназијалец. Гимназијата е столб на општественото живеење во Прилеп. Многумина успешни лекари, професори, инженери, архитекти, сликари, спортисти, музичари својата успешна приказна ја започнале токму во оваа гимназија. Денес, на овој ден, сакам да ги поздравам и нашите ученици, гимназијалци кои што ја продолжуваат оваа успешна приказна. Денешниот ден, ќе го одбележиме со повеќе активности. Започна турнир во одбојка, машки и женски, меѓу учениците од средните училишта. Во холот на училиштето имаме изложба која што ја подготвија учениците, имаме свечена академија, односно свечена седница на наставничкиот совет, со пригодна програма од учениците-истакна директорката на гимназијата, Весна Михаиловска
Прво, како пензиониран професор од гимназијата, да го честитам празникот, да посакам многу вакви јубилеи, бидејќи не е малку 80 години, да бидиш центарот на образовањето во Прилеп, како што спомне и директорката, од тука произлегува најголемата интелектуална сила на Прилеп, која што го носила Прилеп напред, како еден од најпрогресивните градови и во Македонија и пошироко во регионот и во нашето опкружувањето . Значењето на овој јубилеј е голем, бидејќи представува гордост да се дочека 80 години постојање и при тоа да се зборува за една многу-многу успешна гимназиска приказна на ред-ред генерација, кои што поминале низ ходниците на гимназијата. Изминатиот период малку се подобрине условите за работа во гимназијата и сега се настојува тие уште повеќе да се подобрат. Се направи целостна реконструкција на фасадата, на покривот, на дел подрумски простори и се надевам дека во наредниот период ќе биде дозавршен тој проект со натрешно доуредување на гимназијата за обезбедување што подобри услови за работа на идните генерацији кои што доаѓаат. Да исчекаме не само 100 уште, 800 години постојање на гимназијата, истакна некогашниот директор на гимназијата, сега пензионер, Диме Настоски
Во историскиот развој на гимназијата таа поминува низ неколку фази. Во почетокот гимназијата ги опфатила нижите класови, вишите класови и прогимназии до 1952-1953 година, кога нижите класови се слеваат во основните училишта, а овде остануваат само вишите класови, а прогимназиите престануваат да функционират. Во тогашниот систем во 1963-1964-та се воведува насочено образование, тогаш во гимназијата има обшествено-јазична и природно-математичка насока. (4:47) Се до 1983-та година, кога гимназијата прерастува во еден поголем обштообразовен центар, во кој освен гимназиско образование, има и занеаечиско и медицинско образование и тогаш училишето се вика УЦТМН или Училишен центар за обшествено-технички и медицински насоки. Ова име училишето го има до 1993-та година, кога преминува во општа гимназија. Со наставните програми од 2001-а година училиштето функционира онака како и денес, со три наставни подрачја: јазично-уметничко, опшествено-хуманистичко и природно-математичко- посочи професорот, Никола Богданоски