7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ново од прилепскот театар – за љубовата од економскиот аспкет!

Колку љубовта меѓу двајца млади во денешно време,  е условена од економскиот аспект и дали сме во трка со  време за позиција, за пари,  или кога ги немате парите дали љубовта може да опстои?! За ова, и за животот и скрешените соништа говори претставата „Казимир и Каролина“ , од  гераманскиот автор, Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ, која се што првично ја подготвува ансамблот на прилепскиот театарот „Војдан Чернодрински“,  поинтензивно на почетокот на септември, за премиерата пред прилепчани да биде на почетокот на октомври.

Режисерката Витошевиќ истакнува дека ова е нејзина  трета соработка со прилепскиот театар. Преставите „Сон на летната ноќ“ и „Змејовата невеста“ се во нејзина режија со прилепскиот ансамбл.

„Кога имате претходно сработено одлични претстави со задоволство продолжуваш да работиш со ансамблот. Автор на текстот е Германец, еден од основоположниците  на модерната драма. Делот  е  напишано 1932 година и првпат се поставува во Македонија. Проектот ќе се занимава со  скршените соништа кои некако до некоја возраст  сме ги гаеле. Подоцна  кога ќе се сршат соништата животот продолува по инерција -изјавува таа

            Во претавата ќе играат Катерина Ч.Клинческа, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски,  Јасмина М. Станкоска, Игор Трпчески, Александар Тодески. Сценограф ќе биде Константин Трпеноски, автор на  музиката Огнен Анастасоски и костимограф Розе Трајческа.

 

Би можело да ве интересира

15 дела „Прогрес“ од уметникот Методија Јорданоски

Елизабета Филипоска

Поетска вечер во Прилеп по повод Светскиот ден на поезијата

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе