„Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да Ве уверам дека ситуацијата е под контрола. Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици. Ангажирани се целата расположлива механизација и човечки ресурси, а огромна благодарност упатувам до компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Прилеп, a посебно до нашите јавни претпријатија ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, кои неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата. Благодарение на оваа заедничка акција, досега успеавме значително да го намалиме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот.
Joвчески: Под контрола е ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци
Градоначалникот Борче Јовчески по враќањето од работната посета во Австрија денеска на теренски увид на состојбата со депонијата кај Алинци каде изминатите денови имаше пожар. Во справувањето со опожарената депонија деновиве се вклучија јавни претпријатија, компании и граѓани, така што Јовчески на социјалните мрежи уверува дека жариштето е намелено и состојбата е под контрола:
Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апелирам до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас. Заедно можеме да обезбедиме почиста и побезбедна иднина за Прилеп! Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција! Ние продолжуваме со работа сè додека целосно не ја решиме оваа ситуација,“ стои во апелот на градоначалникот Јовчески.