18.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО ) Доминација на Матеј Чатлески во Бор – трет триумф за прилепскиот боксер

Прилеп се гордеее со својот боксерски шампион. Матеј Чатлески вечерва доминираше во Бор во четирите рунди и покрај тоа што против него имаше поискусен професионален боксер, во името на Милош Јанјанин. Доминацијата на Чатлески се потврди уште во почетните две рунди, а во третата на противникот и му се броеше во рингот.

На крајот со едногласна одлука на судиите Матеј стигна до својот трет професионален триумф. Тој уште во рингот се заблагодари на можноста да се претстави на овој спектакл, а, секако и на Господ што не дозволи да има повреди за време  на борбата. Во продолжение погледнете го и прогласувањето на победникот како и неговата изјава веднаш по неговиот триумф.

Матеј Чатлески беше едно од главните имиња што се појавија на спектаклот во Бор како дел од Балкан Боксинг 7,  каде беа најдобрите локлани натпреварувачи и натпреварувачи од регионот. Чатлески се натпревруваше во полутешка категорија и потврди дека Прилеп има одличен боксерски ас со квалитетна техника и умешност на боксерскиот ринг. 19-годишниот прилепчанец покажа зрел пристап, тактичка дисциплина и сигурност во текот на сите четири рунди. Чатлески, преставувајќи ја Македонија учествувајќи на големото боксерско натпреварување, потврди дека и од мала земја може да доаѓа кавлитетен боксер, кој може рамноправно да се бори на највисоко ниво. Со учинок од три борби и три победи, младиот боксер веќе се профилира како едно од најперспективните имиња во регионот, најавувајќи успешна и амбициозна кариера во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Сoвремени театарски осврти-новообјавена книга на Звонко Димоски

Пела Редакција

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Општина Прилеп доби Локален Младински Совет

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе