6.1 C
Прилеп
четврток, 6 март, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Прекинати договорите на дело на 120 вработени во прилепската болница

Прилепската болница од денеска работно нема да ги ангажира 120 те вработени со договор на дело. Им било кажано дека нема да им бидат продолжени договорите и со тоа тие останаа без работа. Некои од нив работат по повеќе од 7 години, станува збор за медицински сестри, болничари, возачи и друг медицинско -технички персонал. Дел од нив денеска протестираа пред влезот на болницата барајќи да им се реши нивниот статус и револтирани зошто во повеќе наврати искажаните ветувања од министри и премиери за нивно трајно вработување не се реализираат.

Според договорите тие требало да бидат известени за прекин на работниот статус минимум 1 месец претходно. Последните договори биле заклучно со 31.12.2024, а тие ги извршувале работните обврски и во јануари годинава, за што бараат да им се плати.

-Немаме здравство, немаме пензиско, немаме ништо. Сите министри ветуваа, премиери, кој што ќе дојди. Ова е лага, манипулација со нас, работниците. И сите да слушнат дека психички не’ убиваат и дека остануваат 120 семејства без работа. Цело време се зборува на телевизиите дека нема кадар, дека недостаток на вработени. Сега кадарот се брка, остануваме без работа. Операциона сала сега ја оставаат само со еден болничар, од четворица вработени, тројца бевме со договор на дело, вели Томе Бошкоски, болничар.

– Најпрво да ни се реши статусот, оти овде има и самохрани родители, деца со посебни потреби, со аутизам. Ова втор пат ни се случува, порано пред 15 години бев 6 години, сега 3 години сум. До кога ќе си играат, после си оделе странство младите?! Ќе си одат! Од државата си одат, од ништо друго… , посочи Пеце Здравески, возач во Итна помош.

Неизвесна е судбината со работниот статус на досегашните привремено вработени во прилепската болница. За нивно трајно вработување согласност треба да даде ресорното министерство од каде што сеуште нема никаква информација. Прилепската болница се реорганизира за да се справи со недостигот од медицинско – техничкиот персонал во речиси сите одделенија на оваа јавна здравствена установа.

Би можело да ве интересира

Прилеп доби уште еден еден Државен правобранител

Гордана Цветаноска

Во Прилеп државниот врв по повод чествувањето на 11-ти Октомври

Елизабета Филипоска

Брошурата ,,Превентивата е подобра од лекот’’- водич за важноста на превентивните прегледи

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе