Џудото е достапен спорт за секого , со редовна обука и развој на координација и реакција во текот на обуките се стекнува одлична дисциплина но и се формира и зајакнува личноста и нејзиното здравје.Џудото е и инспирација која ве води како идеа на џудо турнирот до крајниот исход без разлика колку противници имате.Таа идеа се појавува и исполнува и понесува.Нуди безброј тренинзи од кои може многу да се научи , а ентузијазмот е голем.Така е и во новоформираниот џудо клуб Осака од Прилеп од каде се носат со мислата дека таму каде треба да се оди е на победничкиот пиедесетал.
Младите се надежта на џудото а ветераните се бесценето искуство на џудото вели главниот тренер Марјан кој најавува и вистинска борба за медали веќе на првиот предизвик на членовите од клубот.Само тренерите со големо искуство и одличните џудо борци кои постигнале врвни резултати можат да ја сознаат разликата и важноста на инспирацијата и мотивацијата и нивнта важност во надминувањето на локалните успеси.Така е и со нашата Теодора која долги години е блиска со татамите и успесите на нив а сега своето искуство же го пренесува во џудо клубот Осака.
Џудото не е само спорт туку и патување до целосен раст и развој кај младите и носи многу многу предности само од физичката активност а се разбира и успеси кои доаѓаат сами по себе.
Џудо клубот Осака од Прилеп е новина во градот.Младоста и искуството веќе делуваат секојдневно со макотрпни тренинзи и предизвици кои допрва престојат.За оние кои сакаат да ги осознаат тајните на овој спорт тогаш тренинзите се добредојдени во џудо клубот Осака , каде чканарината е бесплатна.Ако е Прилеп центар на џудото во земјава , тогаш ова клубско освежување нека биде ново место за тренирање , зајакнување на личноста и самодовербата и секако дружење кое го поткрева натпреварувачкиот дух.Дојдете и тренирајте во џудо клубот Осака.Во видеото подолу погледнете и информирајте се за новиот прилепски џудо клуб.