СВР Битола на подрачјето од регионов, викендов продолжи со засилени контроли во рамки на кои биле регистрирани 287 прекршоци од кои најмногу за пречекорување на брзината на движење:
Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на викендот (21/22/23.02.2025), продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно беа издадени 287 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 109 платни налози.
Според статистичките показатели од вкупно 1264 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 146 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –27, како и 16 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова изречени се и 17 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 4 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 31 непрописно паркирани возила.
Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.