30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепската болница го зголемува својот специјалистички тим

Прилепската болница го зголемува својот специјалистички тим. Д-р Афродита Аџиоска се приклучува на кардиолошкиот тим во болница. Од европско искуство до домашно здравство –
д-р Афродита Аџиоска, специјалист по кардиологија со професионално искуство стекнато во Софија, Р. Бугарија и 2.5 г во Германија, од денес е дел од кардиолошкиот тим на интерно одделение при  ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп.
Нејзиното искуство опфаќа дијагностика, следење и лекување на различни кардиолошки состојби, со што претставува значајно засилување за болницата и за унапредување на здравствената заштита на пациентите.
Образованието го завршила на Медицинскиот универзитет во Софија, а специјализацијата по кардиологија ја стекнала во Националната кардиолошка болница.

Со нејзиното доаѓање, таа е втор кадар што од европската унија се враќа и се приклучува на тимот на болницата, што претставува уште една потврда за ангажманот на раководството и владата на Република Македонија за јакнење на стручниот медицински персонал.“ стои во информацијата на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност “Борка талески“ – Прилеп.

Би можело да ве интересира

Со настап на локалниот бенд Инвиктус, вечерва завршува Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Во Могила опожарени 1 500 бали сено и слама, сопственост на градоначалничката Гулевска

Во општина Прилеп ќе се формира Совет за поддршка на женско претприемништво

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе