6.8 C
Прилеп
понеделник, 4 ноември, 2024
Пела Радио

Како да се подобри соработката меѓу граѓаните и институциите?

Не секогаш институциите „сакаат да слушнат“ што им порачуваат и што бараат  граѓаните, невладините организации и неформалните групи. Но, доколку се има јасна цел, може да се постигнат одредени резултати кои се однесуваат на локалната заедница.

Во рамките на своите активности Центарот за граѓанска иницијатива Прилеп, работи токму на таков проект „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија. Консултативни средби со граѓани изминативе неколку денови се одржаа во трите општини од прилепска

Пелагонија, Прилеп, Крушево и Долнени, а иницијатива содржи уште 7 вакви средби во наредниот период во други градови во државата.

Какви се практиктиките на национално и на меѓународно ниво кога станува збор за преземање на граѓански активности, за институциите да ги стават во преден план барањата и потребите на граѓаните, беше во основа дискусијата на одржаните средби. Настани за граѓанските иницијативи кои резултирале со позитивни ефекти презентираше како модератор новинарот Горан Михајловски од „Сакам да кажам“. Граѓаните треба да бидат консултирани од институциите и од политичките партии пред се зарди подобрување на меѓусекторска соработка:млади, локални самоуправи, медиуми, политички партии, беше речено на средбите.
„За одбележување е добриот интерес на граѓаните и нивната вклученост со продуктивни дискусии за можната соработка на граѓаните и институциите“, велат од ЦГИ по одржувањето на првите средби од проектот кој продолжува наредниов период и во други општини низ државава.

Би можело да ве интересира

Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ Прилеп ќе промовира прирачник за машко здравје

Вандалистичкиот чин на британскиот „инфлуенсер„ на црквата „Св.Георгиј“ на Плетвар осуден од МПЦ

Елизабета Филипоска

Свечено доделени 3-то Ноемвриските награди на заслужни граѓани и здруженија од град Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе