6.1 C
Прилеп
среда, 5 март, 2025
Пела Радио

Во спомен на Благоја Ристески Платнар, роден на денешен ден

На 5 март 1949 година во Прилеп, роден е македонскиот поет, писател, драматург и колумнист Благоја Ристески Платнар.

Платнар остава траен белег во македонското книжевно творештво, особено заради истражувањето во сферата на богатството на македонскиот јазик и ставањето на архизмите во современ контекст. Препознатлив е по стихуваната форма на неговите драмски текстови.

Негови драмски текстови се псотавувани на сцените на македонските театри, а последно во 2023 година велешкиот театар „Јордан Хациконстантинов-Џинот“ на сцена ја постави драмата „Лепа Ангелина“ во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски. Драмскиот текст „Делириум тременс“ беше сценски поставен од „Работилница за театар“ во режија на прилепскиот актер и режисер Игор Трпчески.

Благоја Крстески Платнар, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, а познат е по дрмаските дела „Спиро Црне“, „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“, „Венко“ и др.

Двапати е наградуван за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал „Војдан чернодрински“-Прилеп. Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.

Во јазикот е вашиот свет, вашиот космогониум или, попрецизно, јазикот е нашиот свет: се што умееме и знаеме, се што можеме, сето помнење и сите проекции, нашата повест, ужасите на историјата, блесокот на уметноста во јазикот се сочувани, од него устроени. Склон сум да се согласам со Мерло Понти дека ниедно наше чувство, ниту една афектација, радост или тага, пизмата и љубовта, вон јазикот и не постојат, поправо се неможни. Во него е се и од него е се – што е човекот.(извадок од едно интервју на  Бранка Н. Доневска со Благоја Ристески Платнар, Старт, 2001)

Почина во Прилеп на 20 октомври 2004 година.

 

Би можело да ве интересира

Проданоски: земјоделците и тутунарите се оставени на милост и немилост, додека во Македонија неконтролирано се продава увезен зеленчук!

Бесправно изградила куќа со деловни и стамбени простории и се сомничи за кривично дело „бесправно градење“

Зарина Првасевда гостува во Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков„

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе