16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

На празникот Младенци во храмот „Св. Петка“ во Точила ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида

Во православниот храм Света Петка во населбата Точила Прилеп в сабота, на 22 ри март ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младите што трагично го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани.

Возљубени во Христа браќа и сестри, Со длабока тага и сочувство, храмот Св. Петка ги известува сите верни прилепчани дека во сабота, на 22 март, на празникот посветен на 40-те севастиски маченици – Младенци, ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младите што трагично го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани. Во овие моменти на неизмерна болка, ја споделуваме тагата со семејствата на починатите и изразуваме најискрено сочувство. Го повикуваме сиот верен народ да се соедини во молитвата, да ги испросиме од Господа милоста и покојот на нивните души. Истовремено, упатуваме молитви за брзо закрепнување на сите повредени и молиме Бог да им даде сила на ситее семејства да издржат во овие тешки и тажни денови. Вечен спомен и царство небесно за починатите! Господ да ги укрепи сите погодени од оваа трагедија! Со молитви, Храм Св. Петка – Прилеп

<>

Би можело да ве интересира

Во Прилеп за една седмица починале 19 лица како последица од Ковид

Гордана Цветаноска

Двајца затвореници нападнaле осуденик во прилепскиот затвор

Пела Редакција

(ВИДЕО) Се’ е подготвено за Бадниковите поворки

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе