-2.7 C
Прилеп
вторник, 18 март, 2025
Пела Радио

(Видео) Прилепските средношколци: „Кога функцијата се купува – правдата се губи!“

„Кога функцијата се купува – правдата се губи“ , „Веќе не е прашање „дали“ туку„кога?“, „Македонијо цел живот ти е судено да го играш „Тешкото“,  беа само дел од  паролите кои денеска ги носеа прилепските средношколците, изразувајќи тага, револт,  жалење, хуманизам и солидарност од трагедијата во Кочани .

Тие, во знак на почит, денеска положуваа цвеќе и палеа свеќи пред параклисот Св. Никола, во центарот на Прилеп и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија. Велат дека несреќата во Кочани во која животот го загубија 59 млади лица, голем дел од нив нивни врсници, ќе ги натера во иднина да размилсуваа повеќе за сопствената безбедност.Но, бараат одговорност и на институциите: полиција, обвинителство, судовите..

 

Средношколците преку паролите порачаа дека тагата е колективна, но одговорност мора да има и побараа да живеат во општество каде ќе се чуствуваат безбедни.

Би можело да ве интересира

Локалните избори ќе се распишат в петок, 6-ти август – пратениците на одмор

Елизабета Филипоска

Време е за фудбал-Почнува светското фудбалско првенство

Елизабета Филипоска

Предлози за ублажување на антиковид мерките

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе