Долго ќе се памети пресметката помеѓу Македонија и Велс.И тоа последните моменти од натпреварот.Имавме се , и човек кој е на вистинското место , голгетер – Миовски , и кикс на човек кој има претерано минути и минути во своите нозе – Џо Ален , и емотивна публика која ептен сакаше да ги изгушка со дланките своите пулени на теренот заради фудбалскиот непокор против велшаните но и за желбата да се остане непоразен против дружината на Белами.На крајот мораше еуфоријата и секундите кои ја делеа македонската фудбалска репрезентација од седма победа по ред а требаше втора во групата , да се заменат со реми.Не дека не е заслужено ама мораше ли една ваква “спортска среќа” , повторно да не остави без победничка атмосфера?..
И кога веќе се правеа планови како да се нагости , следно, Белгија која ќе пристигне да се надигрува во јуни со нашите , се случи Брукс , кој некако ја погоди мрежата за да ги остави во мундијалска игра велшаните кои се спасија и покрај доминацијата која ја имаа во текот на дуелот.Задоволството од крајниот епилог остана кај противникот , но Македонија продолжува со мундијалските квалификации и мундијалскиот сон за натпревари на америчко тло.
Со освоениот бод македонската фудбалска репрезентација во овј дел од кфалификациите е на првата позиција а секако битката продолжува во јунската сесија кога ќе се надигруваме со Белгија на домашен терен и ќе гостуваме кај Казахстан која пак триумфираше против Лихтештајн.