8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Министерство за социјална политика: ќе се обезбедуваат сите центри и јавни установи за социјална заштита во Македонија

Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска на својата официјалната страница се огласи по обидот за убиство во прилепскиот Центар за социјална работа. Во известувањето до јавноста ресорното министерство го осудува насилството и информира дека ќе се обезбедуваат сите центри и јавни установи за социјална заштита во Македонија за што веќе е покрената постапка за јавна набавка.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик. Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка. Како Министерство апелираме до сите институции навремено и ефикасно да се преземаат дејствијата кои се во рамки на нивните надлежности, а во насока на обезбедување на безбедност и сигурност на работните места на сите вработени. Министерството изразува жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и на повредената вработена во истиот и посакува брзо закрепнување. Истовремено, изразува и убедување дека се што е во рамки на надлежностите на министерството се презема и така и ќе продолжи во иднина.

 

Би можело да ве интересира

МВР:Насилникот избегал при транспорт од Психијатриска болница до Основен суд Прилеп

Пела Редакција

Сите во Прилеп „Славиме заедно – 100 години Прилепска Пиварница“

Пела Редакција

Ноќеска почнува летното сметање на времето

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе