26.1 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

Информација од Министерството за внатрешни работи како дел од полицискиот билтен за спречување вооружен инцидент во кој што учествувале прилепчани во општина Чашка:

На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп.

При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото.

По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени и при извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети.

Би можело да ве интересира

Донесен буџетот за 2018 на општина Новаци

Рудар го пронашол стражарот на рудникот мртов во своето возило

10 ПРИЛЕПЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД НОВИОТ КОВИД ВИРУС

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе