28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Возете внимателно и одговорно во зимски услови, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема.

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка на антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците.

РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.

Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.

Би можело да ве интересира

Владата прогласи кризна состојба, армијата ангажирана за гаснење на пожарите неготинско

Пела Редакција

И комерцијалните, и бесплатните вакцини против сезонски грип се достапни во Прилеп

Од денеска поевтинија бензинот, дизел горивото и мазутот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе