Ове е приказната за почита кон историјата, кон својот идентиет, за грижата, за незаборавот на своите претци, кои го дале својот живот во виорот на лудилото од Првата и Втората Светска Војна. Ове e сторија за млади луѓе кои го сакаат мирот и сакаат споменот да остане вечен, а историјата да не се заборав,војните да бида минато.
Приказната ја пренесуваат преку неверојатен иицијатива и акцијата,за започнува вака. Триесетина средношколци од средното стручно училиште „Јорг Церн“ од Уберлинген, Сојузна Република Германија, деновиве прстојуваат во Прилеп и Битола , со својот професор ,со една една единствена цел, да помогнат во санирањето, одржувањето и уредувањето на германските гробишта во Прилеп и Битола, да им одадат почит на своите предци, да се дружат и да ја пренесат важноста за мир, да нема војни и жртви , но и да не ја заборават својата историја,своето постење,бидејќи ТУКА, лежат нивни претци.
„На доброволна база доаѓаат да работата на германските воени гробишта.. Учениците тука ,работата на надгробните плочи на боење на буквите од имињата на загинатие кои веќе се избледени од времето,. А, зошто идат?Тоа е всушност целта и на целот камп, дужење и изразување на почит кон сите оние кои се бореле во Првата Светска војна и тука се погребани.Значи почит кон сите оние кои ги загубиле животите во војните – ВЕЛИ Професорката по германски јазик од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ од Прилеп, Мануела Котеска,иницјатор за овие активности
Тоа ми даде повод за размислување. Од каде таа сила и желба на овие млади, наместо на море, сонце и плажа, да да дојдат тука,за да уредуваат воените гробишта ,некаде,во некоја далечна земја, за многумина од нив, непозната?! Кој е мотивот кој ги води овие герамснките средношколци , толку гружливо , исцртувајќи буква по буква, белжејќи го секој знак трпеливо на сппомен плочите, да толку грижливо водат сметка за својот меморијален парк, и да го почитуваа местот каде што лежат коските на нивните претци, загинат пред 100 години?! Ги гледав како со почит ,љубов и внимание го прават тоа и неможев да не прашам ЗОШТО?!
Филип Фебар е еден од нив.Вели доаѓа прва пат во Макеоднија ,на ваков капм затоа што сакал да израза почит на сите оние кои што паднале во воените дејствија на минатот и го загубиле животот ,без оглед дали се цивили или војници.
„ Чувствувам обврска , должност кон мојот дедо, кој неодман почина ,а кој беше војник во Втората Светска Војна, во која ја изгуби едната нога. Би го повторил истото кога би побрале од мене, да дојдам тука на ова местото,каде почиваат моите предци, или претците на моите пријатели, кои некои од нив можеби биле млади колку и јас ,а загинале со оружје во рака, се со цел тоа да не се повтори. Треба сите да изразиме почит и да направиме мирот да се одржи во светот! –рече мудро голобрадото момче кое продолжи да работи на една на цртање на буквите на надгробните плочите каде се испишани имињата на сите оние кои го почиваат на веоните германски гробишта во Прилеп
Нив ги води, професорот од нивното училиште, Хуберт Хобс.Тој со свои ученици 23 години оди во различни држави од Источна Европа, со задача младите да ги посетат и санираат тамошните германски воени гробишта. Целта вели тој не е само да се помогне во санација и одржување
„Идејата е повеќе да се дружиме, со цел воените дејствија кои порано се случувале повеќе да ги нема, бидејќи иднината на Европа е поинакво гледање на работите, односно негување на мирот, слободата и меѓусебното разбирање.Пред 23 години всушност кога падна „берлинскиот ѕид,односно „железната завеса и се случи обединувањето на двете Герамнии,во источниот дел на Герамнијаголем број на вакви гробишта,беа запуштени и се појави иницијативата да се санираат,со цел да послжат како пример дека војната носи жртви и потребен е мир„ – рече тој и продолжи да работи со своите ученици
Маја и Клеменитна се средношколку од Македонија,од Прилеп. И,тие помагаат ,заедно сосвоите врснци на уредување на спомен плочите. Велат целта е дружење“ но, и да научиме да го чуваме мирот, а судбините на овие војници, уште повеќе говори дека треба да го чуваме мирот во светот.Но и ова е добра можност да го подобруваме нашиот германски јазик,да нема јазични бариери,бидејќи се дружиме со студенит од нашата возраст и ни презентираат друга култура, друг начи на живот“.- вели Маја “Учиме за различни култури, учиме да се почитуваме без разлика на јазикот и државите од каде доаѓаме, учиме да ги почитувам паднатие жртви во воените конфликти и со тоа учиме дека мирот е важен, за да нема убиства и жртви,“– додаде Клеменитна.
Работиме во името на мирот на проект инициран од Здружението за грижа на германските воени гробишта, формирано веднаш по втората светска војна,финасирано од семејства, донатори,чии деца ,синови, ги загубиле своите живото од виорот на двете војни и има за цел да им одаде почит на сите жртви, без оглед дали се војници или цивили, е бори за одржување на мирот во светот. Младите тука се блиску до историјата. Буквално тука на камените плочи и металната книга што е тука ги има напишано имињата на 300 војници кои тука се погребани,така да тука некој од децаа најдоа и свои предци-даде професорката Котеска,
Македонија е една од стотината земји во светот каде има гробишта на германски војници. Изградени се во 1933-та за загинатите германски војници од Првата светска војна, По Втората светска војна местот беше целосно руинирано и преставуваше депонија.Обновувањата започнаа 2000,но беа стопирани поради воениот конфликтот во Макеодниај 2001 година за .За агуст 2009 година да бидат осветени и обновени. Во обновувањето на овој просторот се вклучило военото германско аташе од Скопје, но и Народниот сојуз за згрижување на германските гробишта, институција во чија надлежност се сите места во светот каде почиваат германски војници,како и Општината Прилеп., Тука почиваат 1.773 војници од првата и 50 од Втората светска војна,а во железната книга,која е поставенаво во меморијалнот парк, се напишани сите имиња на загинатите.
Фридрих Еберт Во Прилеп почива и синот на Фридрих Еберт
” Вво Прилеп е гробот и на постариот син Хајнрих, на првиот германски претседател, Фридрих Еберт. Тој учествувал во Првата светска војна, бил повреден и починл во Македонија. Смртните останци му се во Прилеп,во герамнските гробишта “, забележува Петер Матизен, кој беше привот што ја започна идејата за обновување на воените гробишта во Прилеп.