15 C
Прилеп
среда, 7 мај, 2025
Пела Радио

Еко акција на компанијата ТИЛА и учениците V a одделение при ООУ „Кочо Рацин“

Прилепската компанија ТИЛА заедно со учениците од V a одделение на ООУ  „Кочо Рацин“ Прилеп, предводени од наставничката Анета Станкоска, успешно реализираа Еко-акција „За почиста средина“ во паркот над езерото.
Во рамките на акцијата, учениците ентузијастички и посветено го чистеа отпадот оставен по излетничкото прославување на 1 Мај, исполнувајќи 40 вреќи со ѓубре за само два часа.
„Оваа наша иницијатива има за цел да ја подигне свеста за заштитата на животната средина и да поттикне активна одговорност кај граѓаните.Чистата околина е наша колективна одговорност. Преку вакви активности ги мотивираме најмладите да станат вистински чувари на природата,“ истакна Наташа Шејкероска од TILLA.
Компанијата TILLA има долгогодишна заложба за еколошка одговорност и активна соработка со локалните училишта.
Минатата година, во партнерство со учениците од ООУ Кочо Рацин од Прилеп, реализираше пошумување со 2.000 садници, а годинава фокусот беше насочен кон чистење и едукација за животната средина.
„Преку креативен пристап и директно вклучување на учениците, се надеваме дека ќе влијаеме позитивно врз нивната перцепција за природата и потребата за нејзино зачувување,“ додадоа од TILLA.
Пораката е јасна: Чистата околина е наша заедничка одговорност! Ако сакаме да живееме во почист свет, треба да започнеме од себе и да ги учиме најмладите за важноста на грижата кон природата. По завршувањето на еко-акцијата, учениците уживаа во кратка пауза и заедничка игра, славејќи го нивниот труд и успех.
Компанијата TILLA ќе продолжи со иницијативи насочени кон одржлива иднина, поттикнувајќи позитивни промени во заедницата.

Би можело да ве интересира

Сугарески: Аеродромите остануваат затворени, граѓаните да не резервираат билети!

Гордана Цветаноска

Најавен протест пред Општината и патна блокада на надвозникот Прилеп – Витолиште

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе