16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Заслужено ФК Големо Коњари ја прослави шампионската титула во третата лига југ

По одличната сезона во третата лига југ , ФК Големо Коњари , заслужено ја прослави шампионската титула.Во населеното место од каде потекнува клубот со голема фудбалска историја , синоќа едноставно се беше препуштено на славеничката атмосфера.За тоа се погрижи успехот на тимот кој уште од стартот на сезоната беше лидер во третата лига југ и остана до крајот доследен на одличните резултати.Фудбалерите кои сплотени во еден натпреварувачки дух и со една единствена желба , клубот да го видат еден ранг погоре ,одиграа сезона за паметење.За луѓето кои се директно инволвирани во клубот но и за сите кои живеат во населеното место Големо Коњари ова е уште еден показател дека кога се сака својот клуб тогаш успесите со заеднички сили се реални.Заслужен е крајниот епилог на ФК  Големо Коњари кој сега ја има својата шанса , преку бараж да избори место во втората лига.Таму секако се е поинаку , но оваа фудбалска екипа ја заслужува подршката од сите кои треба на било каков начин да му помогнат на клубот , дали инфраструктурно дали финансиски , оваа екипа покажа дека може да биде нов второлигаш за градот Прилеп и да ги игра своите натпревари пред своја публика.Успехот е тука и може да кулминира со уште една прослава за брзо ….па очекуваме сите убава разврска на иднината на клубот.Со среќа на сите …а во продолжение и дел од атмосферата при прославата.

Би можело да ве интересира

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

(ВИДЕО) Џудо клубот Сеишен одличен организатор на турнирот „Прилеп град херој“

Прилеп домаќин на Државно изборно првенство во борење категорија до 15 год.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе