17.2 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

„И, ние имаме деца за трка“- На економска национална олимпијада двајца ученици од економското училиште во Прилеп

И, ние имаме деца за трка. Двајца ученици  од  СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп  се пласираа во финалето на Националниот натпревар на економската олимпијада, која се одржа во Тетово.

Претходно, ученикот, Стефан Тасески го освои второто место на регионален натпревар и како награда  доби таблет, а ученичката Михаела Слабакоска се пласира во финалето и го освои 21 место, од 70 учесници. За жал и едниот и другиот не влегоа во потесниот избор за претставници на нашата држава, во Атина, „но, покажаа одлични знаења од областа на светската економија“ ,велат од СОЕПТУ Кузман Јосифоски -Питу- Прилеп.

На овој натпревар учествуваа 70 ученици, од 30 училишта и 16 градови: Кочани, Штип, Велес, Гевгелија, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Струга, Прилеп, Крива Паланка и други , кои се натпреваруваа во две фази на тестирање.  воконкуренција од 70 ученици, беа избрани топ 5-те најдобри ученици, кои ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната Економска Олимпијада, што ќе се одржи во август оваа година во Грција, на Античка Олимпија, која е позната како место каде што започнале првите олимписки натпревари..

Активност, која се организира веќе три години, е намената не само да го промовира економското образование кај младите, туку и да  ги зајакнува и нивните аналитички вештини, критичко размислување и подготовка за предизвиците на модерната економија.

На 17 мај 2025 година во Тетово се одржа Националниот круг на Економската Олимпијада, организиран од Институтот Либерална Алтернатива (LAI) и Economics Fundamentals Initiative (EFI), со поддршка од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

Би можело да ве интересира

Николовски: Ќе го решиме проблемот со канализационите мрежи во Мало и Големо Коњари

СЕЌАВАЊА НА ДЕЦАТА БЕЗ ДЕТСТВО

Нов дебакл или триумф за престој на мундијалот?!

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе