16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Собир за паметење! Се собраа фудбалските легенди на Победа

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, се оствари средба на генерацијата од ФК Победа која што есента 1987 година во Втората југословенска лига – Исток постигна дотогаш нешто недоживеано: 7 победи во серија и 1 реми, постигнувајќи дури 11 гола, а примен само 1 гол.

Средба на генерацијата Победа 1987/88
Средба на генерацијата Победа 1987/88
Средба на генерацијата Победа 1987/88
Средба на генерацијата Победа 1987/88

Од тие фудбалери што настапија таа есен, на средбата се појавија: Мирсад Јонуз, Звонко Костов, Владо Димоски, Милан Тодороски, Марјан Стојковски, Тони Наумоски, Ѓорѓи Тракалинов, Миле Конески, Фарук Јонуз, Тони Шалев и Влатко Досев. 

На оваа средба дојде се присуствуваше и Зоран Мицевски, кој беше дел од тимот таа есен. Беа присутни и од клупското раководство,  Симон Наумоски, директор на ПИ Витаминка, Димко Кокароски, професор на Економскиот факултет, Орде Иваноски, директор на компанијата Пролетер, Трајче Ѓорѓиоски, возач на клупскиот автобус како и  Миле Талески, легендата на спортското новинарство во Прилеп и Димитар Чучуроски, еден од најприврзаните навивачи на Победа.

Средба на генерацијата Победа 1987/88
Средба на генерацијата Победа 1987/88

Средбата за весело расположение продолжи кај угостителот којшто е дел од клубот близу 6 децении, Стојче Бозоски.

Повеќе за оваа средба на линкот на Шампион https://shampion.mk/15347/

Би можело да ве интересира

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Шокоски : Холаѓаните ме потсетуваат на нашата игра со брзата транзиција (ВИДЕО + ФОТО)

Победа денеска го игра првиот контролен натпревар, најавени две засилувања

Во Прилеп докторски турнир во шах

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе