16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Колку прилепската публика си го сака МТФ “В.Чернодрински“ говорат редиците за купување билети

Денeска започна продажбата на влезниците за МТФ “Војдан Чернодрински“.Тоа ги натера прилепчани да дојдат, да си набават влезници навремено, за да ги проследат преставите и да уживаат во театарската уметност, која започнува овој викенд во градот под Марковите кули.Утрово редици од луѓе чека пред билетарницата на Центарот  за култура „Марко Цепенков“ да си набават влезница за претставите за фестивалот. „Оваа глетка е радост за Прилеп, радост за МТФ „Војдан Чернодрински“. Прилеп докажува дека го сака и го заслужува најстариот македонски театарски фестивал!“ радосано изјавија организаторите на фестивал.Билетарницата ќе работи од 10 до 14 часот и од 17 до 22 часот во периодот од 2 до 13 јуни, а влезници можат да се набават и на онлајн. Онлајн билетите се  достапни на mtf.teatar.mk од денеска од 10 часот.

58. МТФ „Војдан Чернодрински запчнува в петок и ќе трае до 14 ти јуни. Во 19 часот во библиотеката ќе биде отворена изложба со дела на Горан Стефановски, а во 19.30 часот ќе започне официјалното отворање на фестивалот со изведба на „Хеда Габлер“ на Драмски театар.

Би можело да ве интересира

(Видео) Тајане Бојане и годинава се слуша во Прилеп

Добрила со Чалгија саунд систем ќе гостува во Прилеп

Јубилејно 15 Поетско Маркукуле

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе