15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Текстилната струка не е само шиење, туку голем предизвик за креативците

Во посета на Прилеп денеска беше Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија при што оствари средба со градоначалникот Борче Јовчески на која станало збор за продлабочување на соработката и поддршка на локални иницијативи кои промовираат економски развој и самовработување. Повод за посетата – иницијативата за зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост која се реализира во  СОУ „Ѓорче Петров“, чиј што поддржувач е токму Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

– Ние во вашата земја веќе 15 години финансираме различни проекти во развојна соработка. Некои се инфраструктурни, а други се поконкретни. Ние цениме дека треба да се поддржи и зајакне улогата на жените во вашето општество што е најдобро преку претприемништво, што значи жените да можат да се развиваат како самостојни претприемачки, да го зајакнат општеството во целост, да ја зајакнат економијата и да бидат посамостојни, да придонесуваат во нивните семејства. Ми е драго што денеска имаме прилика да видиме како тој наш проект продолжува и во Прилеп. Нашата цел е жените од ранливи категории од различни групи и млади да се пронајдат во нешто ново, но да ја продолжат таа традиција везење, шиење, да можат да се надоградат и да придонесуваат, да одат на пазарот на трудот да се зајакнуваат економски и да прават нешто добро за себе, посочи амбасадорот Прескер. 

Проектот се однесува на учениците од текстилно – кожарската струка кои што преку работилници и семинари учат како да ги подобрат вештините за промоција на занаетот, запознавајќи се со техники за градење на сопствен бренд.

– Многу е важно идните средношколци, сега деветодделенци, да разберат дека во оваа струка ќе научат да моделираат, дизајнираат и да изработуваат облека, нешто кое што можат да го работат самостојно. Проектот е важен за учениците да сфатат дека некогаш сета облека што ја носеле луѓето се изработувала рачно. Интересот за оваа струка полека се зголемува. Училиштето располага со сите едукативно – практични можности за изучување на текстилната струка, вели Занета Видевска, директор на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. 

Учениците задоволни од иновативните методи применети во проектот за промоција и изучување на занаетите и професиите поврзани со текстилната струка. Моделирањето, дизајнерството е најпривлечно за нив:

– Најмногу ме интересира дизајнирањето на женската облека. Од работилницата научивме многу работи: шиење, ткаење, кроење, везење и други интересни работи кои што ме прават среќна како што е цртањето.

– Задоволство ми е да е да ја изучувам оваа струка текстилната. Посебно имам страст кон цртањето, дизајнот, понатаму имам желба и се надевам дека ќе продолжам на факултет. 

Семинарот „Бренд менаџмент и маркетинг стратегија за мали бизниси е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчивство и одржливост“ во реализација на невладината „Добредојде Македонија“ со поддршка на амбасадата на Република Словенија во Скопје и Министерството на надворешни и европски работи на Република Словенија како дел од програмата „Со рачни вештини до сопствен бизнис“.

 

Би можело да ве интересира

РК Прилеп и со половина сили „ја прегази“ Јахона (40:17)

Општина Прилеп: Реконструкција на 3 детски и 2 училишни игралишта, изградба на спортска сала во основно училиште

(ВИДЕО) Аирлија почеток на тутунскиот откуп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе