12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Аирлија почеток на тутунскиот откуп

Уште од првите денови на предвремениот откуп најголемите откупувачи  ги отворија вратите за прибирање на годинешната реколта. Очекувано, бидејќи имаат интерес да ги подмират планираните количини на ориентален тутун за странските партнери. Договорени се 25 илјади тони со околу 30 илјади тутунопроизводители за потребите на 10 откупувачи. Но, очекувањата се дека годинешнава реколта ќе тежи не повеќе од 19 илјади тони.

– Динамиката на откупот до инспекторатот ја доставија осум од десетте регистрирани откупувачи. Направени се инспекциските надзори, ги исполнуваат условите. Со откуп почнаа четири компании, вчера Сокотаб, денеска уште три компании, вели Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Првите килограми тутун на вагите во централниот пункт на Тутунски Комбинат поминаа добро и земјоделците се задоволни:

„За проценка донесовме 40 картони со тутун. Добро е, нема проблем, добро поминува прва и втора класа“, рече Салиоска.

„Имам насадено 2,5 декари, еве првиот тутун на проценката добро помина, во втора класа“, истакна Миле Спиркоски.

Нема поплаки за проценката, туку на цените на тутунот по класи, кои и покрај зголемите цени, за 20 отсто, не се доволни за исплатливост спрема вложениот труд и знаење на земјоделците.

Денеска предадов 230 килограми тутун, од сите берби. Задоволен сум од проценката, но не сум задоволен од откупната цена по класи. Според трошоците, вложениот труд и знаењето, просекот не треба да биде под 400 денари за килограм. Намалени се количествата тутун годинава. Главно, тоа е поради цената, за младите не е исплатливо да го работат, аргати се пензионери и доколку не се подобри цената, ќе продолжи трендот на намалување на производството“, рече Ѕвонко Ристески, производител од Прилеп.

Од официјалниот застапник на интересите на тутунарите Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија велат дека цените се ниски споредбено трошоците во производната сезона.

„Компаниите брзаат да го почнат откупот уште во предвремениот рок зашто помалку е род и сакаат да го преземат. Годинава ќе имаме род иако нешто повеќе од лани, но околу 19 000 тони. Очекуваме добра проценка на вагите. Сите фирми ги зголемија цените за 20 насто и потпишаа анекси и очекуваме дека годинава добро ќе биде проценет нашиот род. Ако дојде и до повисоки цени, тоа е добро за нас во оваа криза. Реално, и овие цени не се доволни според трошоците“, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојузот.

Што се однесува до исплатата на средствата и во оваа откупна кампања, Комбинатот ќе биде експедитивен.

Тутунскиот комбинат е целосно подготвен за почетокот на откупот. Почнуваме на сите пунктови во градот и во населените места. Вкупно се отворени 20 откупни пунктови со 28 ваги. Имаме околу 4.000 кооперанти. Очекувам добра реколта. Исплатата ќе биде како и изминатите години, веднаш по преземените количества. Бевме предводници на зголемувањето на цените по класи, оваа година го извлековме максимумот, се надевам за до година ќе се стабилизира економската ситуација, а со тоа и цените на тутунот“, изјави Кире Станкоски, директор  на Тутунски комбинат Прилеп.

По класи, зголемувањето согласно анекс договорите е: за прва од 280 на 300 денари за килограм, за втора од 200 на 240, за трета од 150 на 180 денари и за четврта од 85 на 100 денари за килограм тутун. Законскиот рок за почеток на редовниот откуп е 15 ти декември до кога треба сите 10 откупувачи да започнат со работа на вагите.

 

Би можело да ве интересира

Започнува уништувањето на глодарите во подземната канализација и депонијата Алинци

Елизабета Филипоска

Компаниите учат како да вработуваат лица со хендикеп

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Празници се ближат! Како да направите најдобра забава или свадбена веселба?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе