16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Како до подобар Прилеп?“ – преку потполнување прашалници општината бара мислење од граѓаните

Преку потполнување на анкетни прашалници,  Општина Прилеп ги повикува граѓаните да се вклучат во идентификување на проблемите во општината и да дадат својпридонес за иднината на Прилеп, па на својата официјална web страна општинта објави:

„Општина Прилеп во координација со Министерството за транспорт  е во фаза на изработка на План за одржлива урбана мобилност (Susteinable Urban Mibility Plan – SUMP) , чии резултати во иднина ќе придонесат во подобрување на пристапноста,  промовирање на здравјето и безбедноста на граѓаните, поддршка на економскиот раст и ублажување на влијанијата врз животната средина.Сето ова ќе се постигне преку подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување на иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење.  За подобро идентификување и дефинирање на проблемите со кои се соочуваме во Прилеп,  Ве молиме да одвоите десетина минути од вашето време и да го пополните овој анкетен прашалник. “ пишува на општинската страна, објавувајќи ги при тоа и ЛИНКOВИТЕ од прашалниците

Прашалник 1

Прашалник 2

 

 

Би можело да ве интересира

Ослободете се од вишокот текстил во вашите домови – Прилеп утре ќе собира текстилен отпад

Пела Редакција

Невидливо геолошко наследство

Од 1-ви јули се воведува целосна забрана за движење во шумите- казна од 1500 до 2000 евра за прекршителите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе