23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Од 1-ви јули се воведува целосна забрана за движење во шумите- казна од 1500 до 2000 евра за прекршителите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година.Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми”  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

Би можело да ве интересира

Насилството раѓа само насилство – локалните акциски тимови клуч за превенција

Пела Редакција

Мермерниот комбинат и’ донираше на болницата коронарен стрес тест апарат

Пела Редакција

Театарски белешки (1) -Добра мисла, добра енергија и култура!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе