16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Најголема миграција има во Пелагонискиот регион – населението забрзано старее, државата забрзано се празни

Најголема внатрешна миграција има во Пелагонискиот регион!

Миграцијата останува најсериозен и најзагрижувачки проблем во Македонија,велат статистичкитe податоци при Заводот за статистика при Р.Македонија. Намалувањето на населението се должи на иселувањето и на ниската стапка на наталитет.

Според Заводот за статисика  внатрешните миграции во Македонија е најголема или е најчеста во Пелагонискиот регион со 52.8 %, каде жителите го напуштаат селото  и се селат во град.  Во однос на надворешните миграции, најголемо иселување има во Скопскиот регион – 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот регион, односно -177 лица.

Македонија станува  и старица

Македонија станува  и старица на возраст од 76 години. Според податоците од пописот, од 2002 до 2021 година бројот на работоспособно население се намалил за 171.317 жители, или 12,4%, додека бројот на старо население над 65 години возраст, се зголемил за 17,2%  или за 101.619 лица. Најстаро население има во неколку скопски општини, како и во Битола, Прилеп, Велес, Охрид.

Во Пелагонискиот регион има негативен природен прираст за 1.400 – толку е намалено населението по природен пат, што е за четири пати помалку споредбено со Полошкиот и Скопскиот регион .Ова доведува и до намалување на младото население, иднината и „моторната сила“ на државата, од која што се очекува просперитет и развој.

Ваквите податоци само ја поткрепуваат тезата дека наголема закона за иднината на Македонија е демографијата – населението забрзано старее и државата забрзано се празни. Проценките се дека бројот на население во земјата во наредните години може да се намали и за 35 проценти. Проекциите на Државниот завод за статистика укажуваат дека до 2070 година може да дојде до енормно намалување на населението на 1.3 милиони лица.

Миграцијата останува најсериозен и најзагрижувачки проблем. Намалувањето на населението се должи на иселувањето и на ниската стапка на наталитет.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Прилепски водовод нема да ја ја зголеми цената на водата ,но ќе ги бара парите од должниците

Стевaноски: И покрај одлуките на судската власт, иницијативата за „Спас за Прилеп“нема да запре

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе