30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Затворениците од Казнено-поправниот дом Прилеп вклучени во работни жетварски активности

Започна жетвата на 160 декари посеани со јачмен, како дел од планираните земјоделски активности на установата Казнено-поправниот дом Прилеп.

 

Во жетвените работи активно се вклучени поголем број осудени лица, со што се поттикнува нивна ресоцијализација преку ангажман, стекнување на работни навики и чувство на одговорност. Овие активности се дел од континуираните напори за ефикасно користење на расположливото обработливо земјиште и подобрување на условите за осудените лица преку продуктивен труд, објави Управа за извршување на санкции.

Производството на јачмен  за оваа установа е важено за обезбедување храна на сточниот фонд, во сопственот на установата.Тоа придонесува за поголема самостојност и функционалност на интерните капацитети,велат од Казнено-поправниот дом Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем (60)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе