16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп ќе гради Дневен центар за стари лица

Прилеп ќе гради Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење. Тоа ќе преставува  современ простор кој ќе овозможи социјална интеграција, дневна грижа, дружење и активности за унапредување на менталното и физичкото здравје на возрасната категорија граѓани во Општина Прилеп.

Договорот за градење Дневен центар за стари лица со активно стареење , како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светската банка и спроведен преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, го потпиша градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

„Овој значаен проект претставува уште еден чекор напред во нашата заложба за градење на инклузивна и одржлива локална социјална заштита, насочена кон реалните потреби на граѓаните.“- напиша Јовчески на својот ФБ профил

“Oваа нова социјална услуга, наменета за постарите лица, ќе донесе позитивни придобивки за здраво и пристојно стареење, а воедно и ќе го зајакне партнерството меѓу институциите и граѓанските организации со заедничка цел – позитивни промени и добробит во заедницата.” – велат од Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп кои се инициатори на проектот и веќе неколку години активно работата на подобрување на социјалните услуги наменети за постарите лица.

Проектот чини 2.016.590 денари од кои: 170.456 денари ги обезбедува Општината Прилеп, а 426.600 денари  ги обезбедува давателот на услугата, во согласност со трошоците за набавка на стоки, опрема и услуги, предвидени во поднесениот проект.

Би можело да ве интересира

Незадоволството од проценката, тутунарите да го пријавуваат кај поверениците и инспекторатот

Кавадарчанец возел низ Прилеп со 2,30 промили алкохол во крвта

Кои се финалистите на турнирот во мал фудбал во Кривогаштани?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе