30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Опасност – артилериски гранти од војните пронајдени во прилепско Мариово

Во с.Витолиште Мариово, по пријавата до Граничната полиција на МВР, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm.).

Пиротехничарот, од Дирекција за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов, безбедно ги подигна и ги транспортираше на сигурно и безбедно место, се до нивното уништување на воениот полигон Криволак.

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период  иако дејствувасо ограничените човечки ресурси за НУС, интензивно работи на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт во државата во 2001-та. година.

Би можело да ве интересира

Прилеп, дневен корона вирус биланс

До недела – пекол, на сила црвен метео аларм

Ќе се спроведува трета фаза за уништување ларвени форми на комарци во прилепско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе