16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Нова владина мерка: времено вработување на пожарникари, најдобрите ќе се вработат

Владата ќе вработи 400 лица како нова мерка за намалување на ризикот од пожари и сите оние кои ќе покажат интерес ќе бидат трајно ангажирани, најави денеска портпаролката на Владата Марија Митева.

„Сите оние што ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите што се надлежни за оваа работа“, посочи Митева.

Пријавувањето ќе се одвива преку јавен повик, кој ќе биде објавен од страна на општините.

Во општините во моментот има околу 700 до 800 пожарникари. Согласно стандардите и бројот на жители, неопходно е да има најмалку 1.500 пожарникари.

Општина Прилеп ќе биде дел од 14 те општини кои се опфатени со мерката. Во прилепската противпожарна единица има потреба од ангажирање на 30 пожарникари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Наместо цвеќе – права, јакнeње на улогата на жената во руралните средини!

Градоначалникот Јованоски: „Гужвањето пред банките во услови на пандемија, е неодговорно и недозволиво„

Возрасни 29 повратници од странство добија сертификат за завршено основно образование

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе