16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепскиот театар со претставата „Чиста куќа“ гостува на Вевчанско лето 2025

Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ утревечер, 10.7.2025 г.,  ќе гостува во Вевчани, каде во рамките на Вевчанско Лето 2025,  во Домот на културата од 20.00 часот, ќе ја изведе претставата „Чиста куќа“, од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска.

„Чиста куќа“, е последна премиера на театарот и е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови.

Играат актерите Даниела Иваноска,  Наташа Ачански,  Катерина Чакмакоска-Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Претставата го пренесува ширењето на емпатијата и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување.

„Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос. Авторката потсетува дека не сме совршени, но и дека токму во таа несовршеност се крие нашата човечност.

Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска; Сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски; Музички соработник на режисерката: Ана Митоска; Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа

 

Би можело да ве интересира

Почна асфалтирањето на мостот кај Сточен Пазар

Фестивал „Бои од гласови“-Германија: Македонија извонредно претставена, награден босанскиот славеј Ајдин

Пела Редакција

Награди за најдобрите пионерски екипи од хуманитарниот светиниколски турнир

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе