16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Протестен собир за Победа

Љубовта кон фудбалскиот клуб Победа, фудбалскиот симбол на прилепчани, е причина неговите поддржувачи да бидат загрижени и да бараат спас од општината, од локалната власт. Имено, тие на Фејсбук страната на Победа , поставија апел за-организирање “собир за спас” на клубот. Победа очигледно, за и во престојната натпреварувачка сезона  нема да и’ “цветаат рози“, а  јавноста освен “чаршински муабети“ нема друга информација за ситацијата во која се наоѓа клубот. Во прилепската чаршија јавно се говори, во медиумите никој не сака јавно да изјави, па се молчи! А, и никој од т.н управа не сака да зборува јавно на оваа тема. И, по ова, многу логична е очекуваната  реакцијата на симпатизерите – одлучија да се соберат масовно в сабота во 10 часот пред Општината, и да  повикаа граѓаниете кои ја сакаат Победа да им се приклучат

Имано на нивната ФБ страна напишаа

Прилеп не смее да молчи! Време е за протест! 🗣️
Фудбалскиот клуб Победа е симбол на нашиот град.
А денес, го гледаме како тоне… без реакција, без план, без срам!
Ако сега молчиме – утре ќе нема каде да тренира ниту едно дете.
Нема иднина без спорт! Нема иднина без Победа!
👉 Да се кренеме сите – родители, деца, спортисти, тренери, навивачи, граѓани!
👉 Да им покажеме дека Прилеп не се предава така лесно!
👉 Да бараме решенија, поддршка, враќање на клубот!
📅 СЕ СОБИРАМЕ [Сабота 26 Јули 10 часот ]
📍 ЛОКАЦИЈА: [пред општина Прилеп]
⚽ Ако сакаш твоето дете да има каде да тренира, ако сакаш Прилеп да има клуб, ако веруваш во спортот –
НЕ МОЛЧИ! СПОДЕЛИ!
Да не се изгуби оваа шанса!

 

Би можело да ве интересира

Успешен пролетен старт на ЖРК „Деспина„

ЏК Сеишин ќе лиценцира девојки за стручна работа во клубот

Со одлични одбрани ветеранот Димоски го обезбеди опстанокот на РК Прилеп во Суперлигата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе